ЗАБОРАВ

Во совеста севезден
црвени и црни
вретена вртат

Ни ум ни заум
Се низ лудило лунsам
И не разбирам:
Зошто врбата плаче?

Рибата в уста ме носи
И само еден збор
од сонов ме буди

Не бараjте ме
во пладнето катадневно
Сред тревjе в молк втонат
ткаам нитки таjни

Далнината по мене пека
И пехарот од коj пиев
пенливи пива

20.04.2001

 

 

© Зоран Якимоски, 2001
© Издателство LiterNet, 10. 05. 2003
=============================
Първо издание, електронно.