ВЕЧЕРВА ПРЕД СУД

Вечерва бучно
го наjавувам
своето ново доагање.

Ги поместувам
соsвездиjата и галаксиите
ги мешам просторите

И по нив со прсти
од кои избиваат метафори
повлекувам бескраjни прави

Му ги крадам боите на Ван Гот
а тоj упорно црта
вселенска љубов

И се така
со светот и себе си
се поигрувам

Бараjќи jа смислата или заблудата
знам дека ќе завршам
пред судот на Инквизициjата

 

 

© Зоран Якимоски, 1994
© Издателство LiterNet, 10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Граматика на поривот", 1994.