ВО СЕНКАТА НА СТУДЕНИОТ ВЕТАР

I

Под портокал
по пролетта прецветана плачеш

Меѓу пролетта и мене
Сенката на студениот ветер

Колку е долг мигот
кога велиш "НЕ"
и колку е краток
кога велиш "ДА"

Кога ли сум умрел jас
ако надежта е таа
коjа последна умира?

II

Секоjа вечер по една девоjка ме љуби
А љубовта моjа по Балканите талка

Прашаj го ветрот

Само уште тоj
Нешто повеќе од мене знае

III

Земјата ги раздвоjува лугето

Едни - под
Други - над

Друго е прашањето
дали некогаш некоj може
да ги соедини пак

 

 

© Зоран Якимоски, 2001
© Издателство LiterNet, 10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Совршен молк", 2001.