ПРОЛЕТНИТЕ ДОЖДОВИ

Има тука нешто невидливо
нешто што се крие
зад параван од пролетните дождови
и што го поттикнува мирисот на jасмините.

Има тука нешто таинствено
нешто несигурно
што силно под земjа
до коренот, до темелот реве.

Има тука нешто нешто недопирно
нешто далечно а блиско
нешто длабоко без дно
без краj без надеж.

Има тука нешто
што не опседнува што не исполнува
скрб ли е тоа или утеха
и што на краj отвора широки и пусти предели во нас.

Има тука нешто невидливо нешто таинствено
нешто што се крие
зад параван од пролетните дождови
и што го поттикнува мирисот на далечините.

 

 

© Зоран Якимоски, 1994
© Издателство LiterNet, 10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Граматика на поривот", 1994.