JАС НИКОГАШ НЕ ТЕ ЗАБОРАВИВ *
Обвиткаj ме во своите
миризливи партали
Во мирисот
на твоето сонливо тело
при будење
Не плаши се
Без срам изложи ги глуждовите
Линиjата на твоите бедра
Jас пак сум присутен во зборот
некогаш дамна изговорен
Во допирот на нечии прсти
Во погледот на сонливиот бдеач
Во дождот што понекогаш
толку бесрамно
низ грбот ти се спушта
Во вирот сум
ликот
што го заведува лесно
Обвиткаj ме во своите
секоjдневни партали
Во мислата заумна и блудна
Во мирисот на твоето уморно тело
пред спиење
© Зоран Якимоски, 2003
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Първо издание, електронно.