ИЗЛЕЗ

Ноќе верувам во приказни
Дење го раскажувам сонот
Дозволувам поривот
пред портите да ме понесе
на седмото небо.

И вслушан во виjот
на ветрот
везден вкоренувам
жестоки желби.

Во врв од меч
зората ке jа зберам
И по врв вода
од чаурава ке изчекорам
кон sвонливото S.

28.01.97

 

 

© Зоран Якимоски, 1997
© Издателство LiterNet, 10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Совршен молк", 2001.