БОЛЕН ДОJЧИН
/монолог/

Станав
Завиткан во девет лакти платно
И од змиjата на падот начнат
Низ Солуна минав

Го сторив тоа што можев:
Им зедов подеднакво мерка:
И на Црна Арапина
И на трима побратима

Но од 'ркулец чуден притиснат
ко од ноќен кошмар
до сржта коскена што длаби
ни тогаш не разбрав ни сега

Кому ли в бунило
угодував:
На народецот
На Бога
На сестра ми Ангелина
Или на суетата своjа?

 

 

© Зоран Якимоски, 2003
© Издателство LiterNet, 10. 05. 2003
=============================
Първо издание, електронно.