АПОСТРОФА НА ТАГАТА
(пеење трето)

Понеси ме водо
И не враќаj ме
кон изворот
зошто клокотот
боли...

Понеси ме водо
низ тенките нитки
на мракот
и не слушаj го
овоj шепот,

туку само ми кажи
во кое ли море
во коjа ли река,
во коjа ли матна
jас да се давам...

 

 

© Зоран Якимоски, 1994
© Издателство LiterNet, 10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Граматика на поривот", 1994.