ПИСМА ВО СОНОТ

web

Мег'у двете кук'и краj реката слегов.
Надоjдена беше, ама чудно чиста.
Купишта хартии догледав на брегот.
И здиплени писма двесте или триста.

Познав чиjа рака дамна ми ги пиша.
Сакав да ги земам, но бранот ги дигна!
Матицата почна пликови да ниша
И немаше друго: морав да ги стигнам!

Немирната вода блескаше ко срча.
Босоног кон мостот и надолу трчав -
до првото писмо мачен беше патот!

На благиот завоj, со надеж си реков,
к'е го фатам него! Потем - спроти текот,
додека го зберам сето бело jато!

 

 

© Тоде Илиевски
=============================
© Електронно списание LiterNet, 19.05.2004, № 5 (54)